Фудбал
Продолжува „циркусот“ во Барселона, нови детали објавени за Меси
Откако беа објавени детали од договорот на Лионел Меси кој изнесуваше 555 милони евра, „Мундо Депортиво“ продолжува со хајкта против Аргентинецот.
Според новите информации Меси требало да добие бонус за лојалност од 39 милиони евра и тоа на 15-ти јули, две недели откако би станал играч на друг, клуб. Нешто слично се случи и со Нејмар во 2017-та година, а и ден денеска двете страни се тужат.
За ова се обвинува екс претседателот Жозеп Бартомеу, кој ги потпишал овие договори, но и дека ги „пуштил“ во јавноста. Сепак, тој негира било каква вмешаност во информациите кои ги објавуваат медиумите. Адвокатскиот тим на Лионел Меси најави тужби.