Connect with us

Фудбал

Проклетство на германските голмани: Нојер синоќа го направи истото што го направи Кан против Бразил во 2002 година

Голманот на Баерн, Мануел Нојер, сигурно долго ќе ја памети 88. минута од синоќешниот натпревар од Лигата на шампионите против Реал. Баерн водеше со 1:0, а заедно со Алфонсо Дејвис најзаслужен за тоа беше Нојер кој фантастично бранеше и ги полуде напаѓачите на Реал.

Сепак, во 88. минута еден од најдобрите голмани во историјата направи неверојатна грешка и му подари гол на Реал. Винисиус Жуниор шутираше слабо од 20 метри и се чинеше дека Нојер лесно ќе ја фати топката, но таа му испадна од раце, а Хоселу се најде на вистинското место и ја испрати топката во голот за 1:1.