Фудбал
Промаши зицер за мундијалска титула, а сега е блиску до Милан!
Шампионот на Италија, Милан е заинтересиран да ги доведе во своите редови фудбалерот на Ајнтрахт од Франкфурт и францускиот репрезентативец Рандал Коло Муани, пренесува италијанска „Република“.
Овој италијански весник тврди дека скаутите на Милан веруваат дека тој би можел да му помогне на сонародникот Оливие Жиру во нападот, бидејќи поради повреди се надвор од терените Дивок Ориги и Златан Ибрахимовиќ.
Коло Муани (24) настапи за Франција на Светското првенство во Катар, а за „триколорите“ настапи на три натпревари.
Во полуфиналето против Мароко беше стрелец, а беше и еден од трагичарите на мундијалското финале со Аргентина, откако во последните моменти од второто продолжение при резултат 3:3 имаше колосална шанса да донесе победа на својот тим и ја одбрани титулата, но голманот на „гаучосите“ Емилијано Мартинез го запре неговиот удар.
Аргентина го освои Светското првенство во Катар, откако по подоброто изведување пенали ја совлада Франција.