Connect with us

Кошарка

Промашувањето на играч на Цибона против МЗТ Скопје поради кое се запалија социјалните мрежи (ВИДЕО)

Шокантни сцени на мечот МЗТ – Цибона! Овој дуел сигурно ќе биде предмет на истрага на раководството на натпреварувањето, се дел од насловите во дел од српските медиуми по вечерашната победа на МЗТ Скопје над Цибона од 87:74.

Цибона водеше на полувремето 53:41, но во останатите не играа кошарка!

Имено, третата четвртина заврши со резултат 30:5! Да, не е грешка – 30:5. Домашната екипа одигра многу добро, но… Тоа што го направија загрепчани беше срамно, пишуваат српските медиуми.
Ваквите напади од српските медиуми се поради тоа што со оваа победа МЗТ Скопје му го препушти последното место на Борац Чачак, кој доколку утре загуби од Будуќност од Црна Гора, ќе испадне од АБА лигата, а МЗТ Скопје и следната година ќе игра во истото натпреварување. Поради тоа српските медиуми алудираат на некаква местенка со Цибона.