Connect with us

Фудбал

Промените во Јуве може да влијаат на Дибала

Торино, 13 август 2020 (МИА) – Откако испадна од Лигата на шампионите, раководството на Јувентус одлучи дека се потребни промени. Првиот чекор беше разрешување на Маурицио Сари и назначување на Андреа Пирло на негово место.

Новиот тренер нема намера да се потпира на некои од сегашните играчи. Блеиз Матуиди веќе замина, а се очекуваат Сами Кедира, Далгас Коста и Гонзало Игуаин.

Според „Газета дело Спорт“, Јуве е подготвен да се раздели со Пауло Дибала, доколку добие понуда од 90 до 100 милиони евра. Минатото лето, 26-годишниот Аргентинец беше на работ да замине, но реши да остане. Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед се можни дестинации за напаѓачот.

Пирло сака да го привлече Иско од Реал Мадрид. „Бјанконерите“ сакаат да го вратат Пол Погба, но таков трансфер е малку веројатно, а Французинот се очекува да потпише нов договор со Ман Јунајтед.

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com