Connect with us

Тајмаут

Протече ВИДЕО, дали ова е доказ за силување на финалето во НБА: Конор Мек Грегор фатил девојка за рака и ја турнал во тоалет!

Конор Мек Грегор веќе бил на сослушување, а овие снимки би можеле да го испратат во затвор.

Откако беше откриено дека една девојка го обвинила Конор Мек Грегор за силување на натпреварот од финалето на НБА и по појавувањето на ирскиот ММА борец за ова прашање на официјалното рочиште, се појавија видеа на кои се гледа како Мек Грегор ја носи жртвата во тоалет!

„ТМЗ“ објави видео на кое се гледа како поранешниот шампион на УФЦ фаќа девојка за рака и ја носи во тоалетот. Инцидентот се случил околу полноќ на 10 јуни, а на снимката откако вратата од тоалетот е затворена веќе ништо не се гледа и видеото престанува.

-Мојот клиентка рече дека  мислела дека Конор ја повикувал во хотелот „Четири сезони“ затоа што претходно ја поканил во хотелската соба. Тогаш човекот со плетенки застанал на вратата од бањата каде Конор ја грабнал мојата клиентка. Таа мислеше дека одат во хотел , но всушност ја однел во тоалет“, се вели во соопштението на адвокатот кој ја застапува оштетената.