Connect with us

Тајмаут

Протекоа фотографии: Дилета Леота го откри новото момче

Дилета Леота не страдаше долго по разделбата со турскиот актер Џан Јаман и веќе има нова врска, иако тоа не е официјално потврдено.

Според фотографиите кои ги објави италијанскиот магазин „Chi“, згодната спортска новинарка моментално е во врска со италијанскиот модел Џакомо Кавали. Се наведува дека парот е заедно веќе неколку месеци, иако од нив нема потврда.

Дилета ги помина празниците во друштво на 28-годишниот Кавали и заедно се видени во едно од кафулињата во Мориц. На фотографиите се гледа како седат еден до друг, со што се добива впечаток дека ова е нешто поважно од пријателско кафе.

Џакомо доаѓа од Бреша, е експерт за економија и маркетинг и студирал на Универзитетот Бокони во Милано.

Судејќи по објавите на Инстаграм, Џакомо ужива во патувањата, сака да оди на море во лето, зимува во планина и е љубител на модата, па може да се каже дека многу од тоа го поврзува со Дилета.

За разлика од Дилета, која ја следат милиони луѓе на социјалните мрежи, Џакомо не е толку популарен и на Инстаграм го следат само 58.000 следбеници, но Дилета сигурно ќе ја зголеми својата популарност.

Реклама

Facebook

Реклама