Фудбал
Протекоа информациите, веќе се знае кој е најдобар за 2020, но што прават таму Меси и Роналдо?!
Во конкуренција за „The Best“, награда која ФИФА ја доделува на најдобриот фудбалер за една календарска година се наоѓаат Роберт Левандовски, Кристијано Роналдо и Лионел Меси.
Полскиот портал „meczyki.pl“ објави дека веќе се знае победникот, а тоа е нивниот Левандовски.
-Успеавме да дознаеме дека Полјакот оваа година ќе добие уште една, најважната индивидуална награда. Левандовски е многу пред конкурентите Роналдо и Меси, стои во објаваа на весникот.
Сепак, новинарот кој што ја пишал веста, покрај пофалбите за Левандовски, напишал и дека е јасно дека тој ќе биде најдобриот, но не му е јасно што прават таму Лионел Меси и Кристијано Роналдо.
Слично мислење имаат и многу познати имиња, поранешни фудбалери. Меѓу нив е Лотар Матеус, Карл Хајнц Румениге, а најоригинален беше Димитар Бербатов, кој рече дека воопшто не знае зошто Меси и Роналдо се најдоа во номинацијата.
-Изненаден сум што Роналдо и Меси се финалисти. Не сум сигурен дали воопшто треба да бидат тука, изјави Бербатов.
Инаку, церемонијата за избор на најдобриот ќе се одржи вечерва со почеток во 19 часот.