Connect with us

Други спортови

Прв пораз на македонската одбојкарска репрезентација: 0:3 против Данска

Македонските одбојкари разбиени во Струмица. Мечот во салата „Парк“ во Струмица, гостите го отворија со 25:21 во првиот сет, во вториот беше 25:23, додека третиот заврши 26:24.

После двете победи над Кипар и Израел, денеска во Струмица најдобрата македонска одбојкарска репрезентација го претрпе првиот пораз во Европската сребрена лига.

Најефикасни кај „црвено-жолтите“ беа капитенот Никола Ѓорѓиев со 15 поени, Александар Љафтов и Ристо Николов запишаа по осум поени. Кај Данците се истакна Јенсен со 20 поени.

Со оваа победа, Данска направи голем исчекор кон пласман на завршниот „фајнал фор“ турнир, на кој домаќин ќе биде македонската репрезентација исто така во Струмица.

На првиот натпревар од 3. коло во оваа група, Израел го победи Кипар со 3:2.

Данците се први на табелата со осум бодови, Македонците имаат шест, Израел е трет со 3, Кипар последен со еден бод.

Следниот турнир ќе се игра во Данска од 28 до 30 мај.