Connect with us

Кошарка

Прв триумф на Лејкерси, Лука Дончиќ како Мајкл Џордан (ВИДЕО)

Прва победа за ЛА Лејкерс во новата сезона и тоа против Денвес со 121:110. Леброн и Ентони Дејвис искомбинираа 49 поени за единствениот тим без победа вечерва во лигата. Но, херој е многу критикуваниот Вестбрук, кој погоди кога се кршеше резултатот. Тој ја прифати улогата на играч од клупата и можеби конечно ќе ја најде својата поранешна форма. Лејкерси по пет порази конечно го отворија „сметката“ сезонава. Кај Денвер, Јокиќ 23 поени, 14 скока, 6 асистенции и 2 блокади, Мареј додаде 21, најмногу по враќањето на теренот по подолга пауза.


Лука Дончиќ постигна 30 од своите 44 поени во првото полувреме, Далас го победи Орландо со 114:105 и ја прекина серијата на најдобриот драфт-пик Паоло Банкер. Тие го задржаа под 20 поени за прв пат оваа сезона. Мавси се опоравија од неочекуваниот и болен пораз од Оклахома, да потсетиме загубија +16 во последните четири минути од регуларниот дел. Словенецот имаше 44 поени, три асистенции и пет скока.

Со овој учинок му се придружи на Мајкл Џордан како единствен играч од 1986 година кој постигнал 30+ поени во првите шест натпревари од сезоната.

Резултати:

Сан Антонио – Минесота 107:98

Далас – Орландо 114:105

Феникс – Хјустон 124:109

ЛА Лејкерс – Денвер 121:110

ЛА Клиперс – Њу Орлеанс 91:112

Бостон – Вашингтон 112:94

Кливленд – Њујорк 121:108

Детроит – Голден Стејт 128:114