Connect with us

Фудбал

Прв заразен фудбалер во Премиер лигата, напаѓач на Челзи позитивен на коронавирус

Коронавирусот почна да се шири и помеѓу фудбалерите во англиската Премиер лига. Како што објави фудбалскиот клуб Челзи, нивниот напаѓач Калум Хадсон-Одои е позитивен на тестирањето на коронавирус.

Веднаш целиот тим е ставен во двонеделен карантин. Ова е прв позитивен случај на фудбалер од Премиер лигата. Доцна синоќа Арсенал соопшти дека нивниот тренер Микел Артета е позитивен на Ковид-19, а најверојатно викендов нема да има фудбал во Премиер лигата.