Фудбал
Првак на Европа, на светот, на Африка, но тоа не е се…
Едуард Менди е еден од најтивките и најголемите херои.
Челзи направи голем исчекор кон четвртфиналето на Лигата на шампионите, а Менди повторно ја сочува неговата мрежа.
Откако пристигна во Челзи во летото 2020 година како целосен анонимус, на инсистирање на Петр Чех, за 24 милиони евра, Менди постави рекорди и испиша историја.
Менди е еден од најдобрите светски голмани според сите статистики во последните две сезони, иако имаше полош период на почетокот од актуелната сезона.
Неговите бројки во Лигата на шампионите се неверојатни, на осум натпревари има шест победи, а исто толку пати ја сочува мрежата со само два примени гола.
Не треба да се заборави дека Менди беше најзаслужен за трофејот на Сенегал на Африканскиот Куп на нации, а само шест дена подоцна бранеше во финалето на Светското првенство за клубови, кое го освои со Челзи.
Инаку, Менди на 1 март полни 30 години, а на големата сцена стигна само на 28, неверојатно, нели?