Други спортови
Првата пол-позиција за Верстапен во новата сезона во Формула 1
Макс Верстапен ќе стартува од првата позиција на саботната трка за Големата награда на Бахреин, прва во новата сезона во Формула 1. Актуелниот трикратен шампион, кој ланската титула ја освои со досега невидена доминација, ја започна сезоната на вистински начин, а утре од 16 часот ќе се обиде да дојде и до победа во трката.
Зад него заврши Шарл Леклер од Ферари, кој беше за две десетинки побавен од возачот на Ред Бул во квалификациите. Од вториот ред ќе стартуваат Џорџ Расел од Мерцедес и тимскиот колега на Леклер, Карлос Саинц.
QUALIFYING CLASSIFICATION
Verstappen and Leclerc start on the front row for the season opener 🙌#F1 #Bahrain pic.twitter.com/Kmz6j1Jv7E
— Formula 1 (@F1) March 1, 2024