Connect with us

Други спортови

Првиот човек на Мерцедес: Го чекаме Макс

Тото Волф, првиот човек на Мерцедес, проговори за потенцијална замена за Луис Хамилтон, кој од следната сезона ќе вози за Ферари.

Австрискиот милионер истакнува дека многу ќе зависи од односот на актуелниот светски шампион Макс Верстапен со Ред Бул.

„Прво, да видиме што сака Макс и дали ќе остане во Ред Бул. Тој секако е прв на листата на желби“, изјави Волф.

Доколку Верстапен остане во австрискиот тим, Волф размислува за три опции.

„Има младиот Андреа Кими Антонели, кој има огромен потенцијал, но не заборавајте дека има само 17 години. Размислуваме и за Фернандо Алонсо и Карлос Саинц кои ќе бидат слободен возач. И тоа се четири опции за сега. Ќе видиме кои ќе бидат имплементирани“, изјави Волф.

Advertisement