Connect with us

Фудбал

Првиот човек на УЕФА за сопственикот на Јувентус: Тој е диктатор, како Владимир Путин

Суперлигата повторно се актуелизира. Наводно првиот човек на Јувентус, Андре Ањели имал нов план и нов формат. Поради тоа се огласи Александар Чеферин, претседател на УЕФА, кој Ањели го спореди со Путин.

-Прво сакаа да го започнат во сред пандемија, а сега одново се обидуваат во време на војна. Андреа Ањели е обичен диктатор, тој е фудбалскиот Владимир Путин. Тој човек нема срам, дури ниту војната не го допира. Како да живее во некој друг универзум“, изјави Чеферин.

Чеферин уште еднаш повтори дека секој клуб кој сака да биде дел од оваа суперлига, или друго натпреварување надвор од УЕФА, нема да може да настапува во натрпеварувањата организирани од УЕФА.