Connect with us

Кошарка

Првиот пик на драфтот во НБА за сезоната 2019 ќе го пропушти почетокот на сезоната

Кошаркарот на Њу Орлеанс, Зајон Вилијамсон ќе го пропушти почетокот на сезоната 2019/20, пренесува „Би-Би-Си“. Деветнаесет годишниот играч се повреди во претсезоната и беше подложен на операција на коленото.

Се очекува тој да се врати на терените за 6-8 недели.

Вилијамсон беше прв избор на драфтот во НБА 2019 година.

Првиот натпревар на Њу Орлеанс е против шампионот Торонто репторс ноќеска во 2 часот по полноќ.