Connect with us

Други спортови

Прво место во екипна конкуренција за македонскиот параглајдинг тим на „Перник Опен 2018“

Скопје, 22 октомври 2018 (МИА) – Македонскиот параглајдинг тим го освои првото место во екипно натпреварување на „Перник Опен 2018“ – Европски куп во прецизно слетување.

Во индивидуална конкуренција Мартин Јованоски од Прилеп беше втор.

Кај дамите, Александра Увцеска го освои трето место.

– 2018 е година на доминација на Националниот параглајдинг тим над комшиите од Србија, Грција И Бугарија, а и во Словенија екипно се пласиравме во првите пет на ниво на Европа, објави Воздухопловната федерација на Македонија.