Тајмаут
Психички сум исцрпена, имам само еден час време за себе! Убавицата роди две деца на аргентинската фудбалска ѕвезда, па јавно се жали! (ФОТО)
Не е лесно да се биде родител, сега тоа го сфатија во куќата на Лаутаро Мартинез!
Неодамна семејството на Лаутаро Мартинез дочека ново засилување, а не и беше лесно на Аугустина Гандолфо, сопругата на аргентинскиот напаѓач. Аугустина е фитнес тренер и е во врска со напаѓачот на Интер од 2016 година, а се венчаа оваа година. Тие добија ќерка во 2021 година, а неодамна им се роди син. Сега убавата Аугустина во едно интервју се пожали дека троши многу време и енергија на двете деца за кои се грижи додека Лаутаро се грижи за неговата фудбалска кариера.
“Дали сум психички исцрпена со две деца? Да, многу. Секој ден одвојувам по еден час за вежбање, тренирање, гледање во мобилниот телефон. Ми треба”, признала оваа аргентинска убавица.