Фудбал
ПСЖ ги намалува платите, една ѕвезда мора да си оди
Раководството на Пари Сен Жермен планира до почетокот на следната сезона да ја намали сумата наменета за платите на фудбалерите на клубот за цели 30 отсто.
„Тајмс“ пренесува дека во пракса тоа значи дека еден од тројцата најдобри фудбалери на „светците“ Лионел Меси, Нејмар или Килијан Мбапе би морал да го напушти клубот од Париз или да им се намалат платите на сите играчи.
Меси има договор до крајот на сезоната, но се уште не одлучил дали ќе ја продолжи соработката со Пари Сен Жермен. Тој има годишен нето приход од 35 милиони евра.
Аргентинскиот фудбалер има понуди од бројни клубови, а во следните неколку месеци треба да објави каде ќе ја продолжи кариерата.
„Тајмс“ истакнува дека Мбапе мора да остане во Париз, а раководството на ПСЖ е блиску до одлука да го задржи Меси, но да го продаде Нејмар, кој има плата како аргентинскиот фудбалер.
Сепак, Бразилецот има договор со францускиот шампион до јуни 2025 година.
„ Нејмар е склон на повреди, но проблемот е што нема премногу клубови кои би можеле да ја гарантираат бараната плата на Бразилецот. Една од можностите што е причина за намалување на износот на платата е намалувањето на трошоците, што е поврзано со финансискиот фер-плеј. и постигнатиот договор со органите на Европската фудбалска унија “, се заклучува во текстот на „Тајмс“.
Пари Сен Жермен синоќа го победи Марсеј во големото дерби со 3:0 и е блиску до нова титула во Франција, додека во првиот осминафинален натпревар во Лигата на шампионите беше поразен од Баерн со 1: 0 и ги чека многу тешка работа во реваншот.