Фудбал
ПСЖ го враќа тренерот што го отпушти поради интервјуто?
Лидерите на францускиот шампион ПСЖ размислуваат за отказ на Кристоф Галтие по поразот од Баерн (0:1) во првиот осминафинален натпревар во Лигата на шампионите и тешката победа од 4:3 против Лил. Наместо него, тие би сакале да го вратат Томас Тухел на клупата, пишува британски Стандард.
Тухел беше тренер на ПСЖ од 2018 до крајот на 2020 година. Тухел потоа ја загуби работата по интервјуто во кое рече дека не е сигурен дали има улога на тренер или политичар во Париз. Подоцна се извини дека сето тоа било шега и дека неговите зборови биле погрешно преведени, но веќе било доцна.
На 127 натпревари на клупата на парискиот клуб, Тухел оствари 96 победи. Притоа, тој освои две првенствени титули, Купот на Франција и Лига купот во 2020 година и францускиот Суперкуп во два наврати. Тој исто така го одведе ПСЖ до финалето на Лигата на шампионите каде загуби од Баерн.
„Тухел сака гаранции дека клубот ќе го заштити од моќта на играчите. Тој, исто така, сака да се концентрира на тренирање и менаџирање на натпреварите, без премногу да се меша во трансфер активностите на ПСЖ. По отказот од Челзи, Тухел имаше понуда од клуб од средината на Премиер лигата, но одбил затоа што сака да се бори за титули“, пишува Стандард.