Connect with us

Фудбал

ПСЖ конечно призна: Ќе се обидеме да го донесеме Меси, но…

Договорот на Меси истекува на 30 јуни 2021 година. Некои веруваат дека и натаму ќе остане во Барселона, но други се убедени дека ќе замине, судејќи според неговите обиди за такво нешто пред почетокот на оваа сезона.

Спортскиот директор на ПСЖ Леонардо призна дека клубот ќе се обиде да го ангажира Лионел Меси, секако доколку биде на располагање, односно не го продолжи договорот со Барселона.

-Одлични играчи како Меси секогаш ќе бидат во потесниот избор на ПСЖ, но сега не е време да разговараме или да сонуваме за ова, изјави спортскиот директор Леонардо за „Франс Фудбал“.

-Седиме и на маса внимателно ја следиме ситуацијата. Четири месеци во фудбалот се вечност, особено  во денешно време, изјави Леонардо.