Connect with us

Фудбал

ПСЖ мора што поскоро да заработи пари, седум играчи на трансфер листа

ПСЖ зимава ќе биде принуден да продаде неколку играчи за да не се соочоат со проблеми со финансискиот фер-плеј.

Парижаните летово донесоа неколку звучни засилувања, но најважно е што повеќето пристигнаа без обештетување.

Единствениот за кој мораа да издвојат пари беше Ашраф Хакими, за кој ПСЖ му плати 70 милиони евра на Интер. Од друга страна, бесплатно пристигнаа Лионел Меси, Серхио Рамос, Џанлуиџи Донарума и Вајналдум.

Сепак, и покрај тоа парижаните се принудени да продадат некои играчи за да избегнат проблеми со фер-плејот. Француските медиуми пренесуваат дека ПСЖ во зимскиот преоден рок мора да заработи околу 100 милиони евра за да не биде казнет.

„Л’Екип“ објави дека ПСЖ нема да има проблем да продаде дел од играчите, а на трансфер листата за јануарскиот преоден рок веќе се наоѓаат седум првотимци.

Станува збор за играчи ко не играа многу во досегашниот тек од сезоната, а тоа се Јулијан Дракслер, Абду Диало, Тило Керер, Лајвин Курзава и Серхио Рико. Покрај тоа, Рафиња заминува на позајмица во Реал Сосиедад, а клубот очигледно ќе се обиде да го продаде Мауро Икарди.

Исто така, целта на ПСЖ е да го задржи Нуно Мендеш, кој игра одлично, а пристигна на позајмица од Спортинг. Парижаните треба да платат околу 40 милиони евра за него доколку сакаат да остане, а тие пари можат да се добијат само со продажба на други играчи.