Фудбал
ПСЖ најде тренер, дали тој е човекот кој ќе го донесе пехарот во ЛШ?!
Италијанскиот стратег Антонио Конте е кандидат за нов тренер на ПСЖ. Наводно тој ќе го наследи Покетино по завршувањето на сезоната. Челниците на ПСЖ се надеваат дека конечно токму Конте ќе им го донесе толку посакуваниот пехар во ЛШ.
Со ова доаѓа и информацијата дека актуелниот тренер на ПСЖ, Маурисио Покетино, и голманот Кејлор Навас неодамна навестија дека следната сезона нема да има ротација во екипата на голманското место и оти сегашната состојба мора да се промени. Ниту еден од двајцата голмани не сака да биде резерва поради што се шпекулира дека или Навас или Донарума на крајот на сезоната ќе го напуштат Париз.
Весникот Газета дело Спорт објави енеска дека Донарума би можел да биде позајмен на италијански клуб, но оти за неговата иднина во ПСЖ ќе одлучува тренерот кој ќе ја предводи екипата.
Според весникот, Покетино најверојатно ќе замине ова лето, а Конте е меѓу најсериозните кандидати за нов тренер