Connect with us

Фудбал

ПСЖ подготвил 70 милиони, играчот за врска заминува од Јувентус?!

Ако може да се верува на написите на „Калчиомеркато“ Јувентус во летниот преоден рок би можел да заработи голема сума на пари. Италијанците јавуваат дека ПСЖ е загреан за Миралем Пјаниќ, а за таа цел подготвени се да платат 70 милиони евра.

Тоа значи дека Јуве би заработил двојно повеќе од она што го плати на Рома во 2016-та годинаа, а тоа е 32 милиони евра.

Пјаниќ претходно настапуваше во Франција, поточно во Мец и Лион. Јувентус сериозно размислува за негова продажба.