Фудбал
ПСЖ размислува да се „исели“ од Франција
Со владина одлука во Франција до септември месец ќе бидат забранети спортски настани на кои ќе има повеќе од 5 илјади луѓе, што ги натера челниците на фудбалската лига за одложување на мечевите на неодредено, додека не се изнајде некакво решение.
Но, челниците на ПСЖ размислуваат за поинаква идеја. Со оглед на тоа дека овој тим се уште е дел од Лигата на шампионите, има план своите мечеви како домаќин да ги игра надвор од Франција.
-Ја почитуваме одлуката на француската Влада. Нашиот план е да продолжиме со натпреварувањата во ЛШ, се разбира во согласност од УЕФА, кога и да се играат мечевите. Ако не можеме да играме во Франција, ќе играме во странство, таму каде што ќе има најдобри услови за нашите играчите, вели првиот човек на ПСЖ Насер Ал Келаифи.