Фудбал
ПСЖ се предомислија за Донарума, се свртија кон голман од Ла Лига
Гигантот од Лига 1, ПСЖ, е подготвен да плати вистинско богатство како отштета на голманот на репрезентацијата на Словенија и член на Атлетико Мадрид, Јан Облак.
Шпанските медиуми напоменуваат дека Арапите кои се сопственици на тимот од Париз се опседнати со Словенецот, поради што се решени да ја платат откупната клаузула во неговиот договор која изнесува 100 милиони.
Покрај парите, ПСЖ на „јорганџиите“ им нуди и двајца играчи од своите редови и тоа голманот Кевин Трап и Хавиер Пасторе. Облак во редовите на Атлетикот пристигна од Бенфика во 2014 година за 16 милиони евра.