Фудбал
ПСЖ со атрономска плата сака да го привлече Роналдо
Францускиот шампион, ПСЖ ќе се обиде да ја ангажира ѕвездата на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо. Според шпански „АS“, менаџерскиот тим од Паркот на Принцевите сака да создаде величествено напаѓачко трио, и на Нејмар и Килијан Мбапеу да му се приклучи Кристијано Роналдо.
Наводно, на португалецот му спремиле астрономска плата од 45 милиони евра за сезона, па Кристиано може да стане убедливо најплатениот фудбалер во светот.
За откупувањето на договорот од Реал Мадрид, тие исто така се подготвени да платат огромна сума од околу 150 милиони евра и, секако, овие пари се многу привлечни за Роналдо и за „Кралскиот“ клуб.
Претседателот на ПСЖ, Насер Ал Келаифи прави се за да постигне договор со Реал Мадрид и Роналдо, а таков расплет не е невозможен, бидејќи парите прават чуда.
Во изминативе девет години, Кристијано Роналдо го носеше дресот на Реал и ги сруши апсолутно сите рекорди во овој тим.