Фудбал
ПСЖ со три идеји за „бомба“ на летото, но клубот навистина е во „црвената зона“
Пари Сен Жермен го чекаат големи промени, бараат тренер, не е тајна, ќе се обидат да го продадат Нејмар, а како и обично медиумите се преполни со шпекулации за нови играчи. Она што е проверено е дека со сите сили бараат нов напаѓач. Инвестицијата во Екитике не се исплатеше, ниту еден од офанзивните играчи кои се позајмени, особено Икарди и Дрекслер нема да добијат шанса повторно да се докажат.
Како можно решение се споменува Хари Кејн, сигурно е дека Ливи една година пред истекот на договорот попрво би го продал на Французите отколку на Манчестер Јунајтед. Со него конкурираат Коло Муани и Виктор Осимен. Фудбалерот на Ајнтрахт е наводно прва и најлесна мета, Французинот е роден во Бонди како Мбапе, Германците бараат 100 милиони евра.
Но, проблемот се финансиите и за тоа се погласно се зборува. Финансиските извештаи покажуваат дека парижаните се во минус од 368 милиони. Тоа не е сума што Катар не може да ја покрие, за нив е шега, но во овој случај кога ќе се спореди со приходите, тоа не може да се оправда пред УЕФА. Наместо тоа, тие веќе добија предупредување поради ФФП и сега за да ги направат работите одржливи ќе мора да продаваат играчи. Секако дека има интерес, но вечниот проблем на „светците“ е што играчите имаат високи плати и не сакаат да го напуштат клубот и да се откажат од пари.