Connect with us

Фудбал

ПСЖ во одличен натпревар го победи Јувентус, Манчестер Сити ја декласираше Севиља

Фудбалерите на ПСЖ вечерва го победија Јувентус со 2:1 во дербито од првото коло од групната фаза на Лигата на шампионите.

Атмосферата на Паркот на Принцовите вечерва беше навистина спектакуларна, а не останаа зад себе ниту фудбалерите на овие два клуба кои покажаа зошто овој натпревар беше во центарот на вниманието на фудбалската јавност.

Оваа сезона ПСЖ е веројатно главниот фаворит за освојување на Лигата на шампионите, што е најголемата цел на францускиот клуб со години.

Парижаните ја покажаа силата против „Старата дама“ и славеа со 2:1, а новата сезона ја започнаа со три бода во најелитното клупско натпреварување во светот.

Само пет минути му беа доволни на ПСЖ да поведе. Нејмар му пружи спектакуларна асистенција за Килијан Мбапе, кој лесно ја испрати топката во мрежата на Јувентус за водство од 1:0.

Потоа ПСЖ продолжи со одлична игра, а домашните успеаја да постигнат втор гол во 22. минута.

Фудбалерите на францускиот шампион повторно одиграа фантастична акција. Овој пат асистент беше Хакими, а новиот гол за 2:0 го постигна вечерва одличниот Мбапе.

Се чинеше дека ПСЖ лесно ќе го приведе натпреварот до крај, но Јуве не се предаде и одигра многу подобро во вториот дел.

Старата дама ги искомплицира работите во 53. минута кога Мекени намали на 2:1 откако Костиќ нафрли од корнер.

Само три минути подоцна голема шанса за гостите. Овој пат Влаховиќ се обиде со глава, но Донарума го спаси ПСЖ. Во 64. минута по контрата на домашниот тим, Мбапе излезе сам пред голот на Јувентус, но наместо да му додаде на осамениот Нејмар, шутираше надвор од голот.

Јуве тоа можеше да го казни во 81. минута кога имаше уште една одлична шанса. Локатели овојпат имаше можност, но и овојпат Донарума брани фантастично и го спасува ПСЖ.

Резултатот не се промени до крајот на мечот, а ПСЖ на крајот победи со 3:1.

Во иста група вечерва играа Бенфика и Макаби Хаифа, а португалскиот клуб пред своите навивачи победи со 2:0. Головите за Бенфика вечерва ги постигнаа Рафа Силва и Грималдо.

Лесна победа на стартот од новата сезона од Лигата на шампионите забележа и Манчестер Сити кој на гости ја победи Севиља со 4:0, а повторно блесна Ерлинг Халанд кој игра во неверојатна форма.

Сити поведе во 20. минута со голот на Халанд, додека Фоден во 58. минута зголеми на 0:2. Се беше готово девет минути подоцна кога Халанд го постигна вториот гол на натпреварот и зголеми на 3:0. Конечните 4:0 за Сити ги постави Рубен Диас во втората минута од судиското надополнување.

Претходно во групата Г, Борусија Дортмунд пред своите гледачи го победи Копенхаген со 3:0.