Connect with us

Фудбал

ПСЖ во проблеми, еден од клучните играчи не игра против Барселона

На 16-ти февруари ПСЖ гостува на Барселона во рамките на ЛШ, а лоши вести за францускиот тим. Еден од поважните играчи најверојатно нема да настапи. Станува збор за Анхел Ди Марија кој се повреди на последниот првенствен меч.

-Ќе видиме за една недела каква ќе биде ситуацијата со неговата повреда, изјави тренерот Покетино.

Ди Марија во досегашниот тек од сезоната постигна пет голови и 12 асистенции на 25 настапи во сите конкуренции.