Connect with us

Фудбал

Пу, пу не важи – Чави вели останува во Барселона: Јас сум војник!

Тренерот на Барселона, Чави Ернандез изјави дека се откажал од својата одлука да го напушти клубот летото, откако неговите играчи го убедиле дека има победнички тим, и покрај тоа што сезоната ја завршил без трофеј.

„Многу луѓе, вклучително и моите играчи, ме натераа да видам дека ова не е готово“, изјави Чави на прес-конференција.

Изјавата доаѓа еден ден откако тој постигна договор со шефовите на Барселона да ја поништи својата јануарска одлука да го напушти клубот на крајот од сезоната. Поранешниот шпански репрезентативец изјави дека секогаш на прво место ја ставал благосостојбата на клубот и тимот и негираше дека се работи за пари.

Првиот човек на клубот знае дека немаше да барам ниту едно евро доколку го напуштав клубот пред истекот на договорот. Чави ја донесе одлуката три дена откако го загуби големото дерби од Реал Мадрид со 3:2, а минатата недела Барселона беше елиминирана во четвртфиналето од Лигата на шампионите во двомечот против ПСЖ. „Моето време во клубот не е завршено и верувам дека можеме да бидеме успешни. – изјави Чави.