Connect with us

Фудбал

Пуч се збогува со Барселона и заминува на необична дестинација

Барселона се ослободува од уште еден играч кој беше отпишан од тренерот Чави Ернандез, а следната дестинација за Рики Пуч ќе биде невообичаена за играч на негова возраст.

Талентот на Барселона ќе се пресели во МЛС и ќе игра за Лос Анџелес Галакси, трансферот се очекува да биде потврден денеска или утре.

Идејата на Каталонците е да му дозволат на Пуч да замине во Калифорнија без обештетување, но да добие процент од следниот трансфер на 22-годишниот фудбалер.

Пуч мора да биде потпишан до 4 август доколку сака да биде дел од Галакси оваа сезона, а медиумите пишуваат дека двата клуба ги финализираат деталите од договорот.

Младото момче пристигна во Барселона во 2014 година и напредуваше во првиот тим преку младинската академија, но не успеа да го импресионира Чави и тренерот му порача да бара нов тим.