Connect with us

Фудбал

Пујол се враќа, добива самостоен тренерски ангажман

Некогашниот дефанзивец на Барселона Карлес Пујол одлучен е во намерата да започне тренерска кариера.

Пујол на терените не е од 2014. година кога стави точка на кариерата во која играше само за Барселона, но наскоро би можел да се врати во светот на фудбалот, затоа што за неговите услуги се интересира Атланта Јунајтед.

Челниците на овој американски клуб се заинтересирани да го донесат Пујол на позицијата тренер откако Жерардо Мартино доби отказ, а двете страни наводно се блиску до договор кој би требало да биде финализиран во првите денови од следната година.

Нема сомнеж дека Пујол има доволно знаење и авторитет да води еден тим од МЛС лигата, а преземањето на Атланта Јунајтед, која инаку е шампион, секако би била добра опција за старт на тренерската кариера.