Фудбал
Работата стана сериозна: Сити, ПСЖ, Интер, Јувентус и Јунајтед подготвуваат понуди за Лионел Меси
Една мала кавга со спортскиот директор Ерик Абидал, на чија трана застана првиот човек на Барселона, Жозеп Бартомеу, и веднаш вести дека Меси заминува.
Откако вчера се појави информација дека Манчестер Сити и Пеп Гврадиола будно ја следат состојбата, италијанскиот весник Газета дело Спорт објави дека англискиот тим ќе има силна конкуренција.
Според овој весник, освен Сити, на потпис на Лионел Меси се надеваат Манчестер Јунајтед, ПСЖ, Јувентус и Интер. Наводно овие екипи веќе „коваат“ планови како да го убедат Аргентинецот да се пресели во нивните редови.
Вакво нешто не е невозможно. Меси и натаму одбива да го продолжи договорот со Барселона кој му истекува во 2021 година. Во актуелниот договор со каталонскиот тим има клаузула дека може да ја раскине соработката по завршување на било која сезона, како што имаа Иниеста и Пујол.
Но, дали дојде денот навистина иконата на клубот да замине сега во јуни, останува да почекаме неколку месеци.