Connect with us

Кошарка

Работнички дебитира во АБА 2

Златибор, 9 ноември 2020 (МИА) – Најтрофејниот македонски кошаркарски клуб, Работнички, денес од 17 часот, на Златибор ќе го има своето деби во АБА 2 лигата. Противник на тимот од „Градски парк“ /е биде црногорскиот претставник, Студентски град.

Познатиот српски туристички центар ќе биде домаќин на 14 екипи од втората јадранска дивизија која првпат во своето постоење, ќе се игра по изменет систем, со т.н. „балони“, односно три одвоени турнири.

Поради пандемијата со корона вирусот, АБА одлучи втората лига да се игра по „балон“ систем, нешто слично на НБА. Сите екипи ќе бидат сместени во хотелските комплекси, ќе имаат затворени тренинзи и сите дуели ќе се играат во иста сала.

Станува збор за салата „Ваи Таи“ каде ќе се играат натпреварите, а на располагање за тренинзи има уште две сали: Чајетина и Велики Парк.

Првпат од формирањето на АБА 2 лигата, ќе има два македонски претставника. Покрај Работнички, тука е и МЗТ Скопје Аеродром. зс/