Connect with us

Фудбал

Работнички и Македонија ЃП ремизираа, победа за Шкупи и Струга Трим

Љубителите на ПМФЛ и денеска може да погледнат одлични натпревари исполнети со доста шанси и голови.

Работнички и Македонија ЃП ремизираа на денешниот натпревар од 28. коло од ПМФЛ, резултатот беше 2:2, а головите паднаа во првото полувреме.

Резултатот го отвори Македонија ЃП уште во 7. минута од натпреварот со голот на Да Силва, но само три минути подоцна, Станковски погодува за изедначување на Работнички.

Во 17. минута Македонија ЃП доаѓа повторно во водство, овојпат Фернандињо беше прецизен за 1:2.

Марио Станковски во 30. минута од натпреварот го изедначува резултатот на 2:2, а на крајот од натпреварот се испостави дека тоа е и конечниот резултат.

Македноја ЃП сега е на 3. позиција на табелата со 48 бодови, а Работнички е 5. на табелата со 41 освоен бод.

Минимална победа вредна три бода забелеша и Шкупи, кој го совлада Борец на гости со 0:1 со голот на Бианор во 79. минута од натпреварот.

Шкупи е на 2. позиција на табелата со 52 бодови, а Борец е на 8. позиција на табелата со 33 освоени бодови.

Струга Трим на домашен терен го пречека битолски Пелистер, а натпреварот заврши со 3:0 за домашната екипа.

Во првото полувреме мрежите мируваа, а за гол се чекаше до 56. минута. Скендери ја затресе мрежата на гостите од Битола и Струга поведе со 1:0.

Во последните 10 минути од натпреварот Струга Трим успеа да постигне уште два гола. Прво Алтипармаковски во 82. минута од натпреварот погоди за 2:0, а потоа Тарифи од пенал во 86. минута ги постави конечните 3:0 за домашниот тим.

Струга Трим е на 4. позиција на табелата со 44. бодови, а Пелистер е на 6. позиција на табелата со 35 освоени бодови.