Connect with us

Други спортови

Радувај се Македонијо, имаме светски шампион, браво Бобан!

Бобан Илиоски е светски кик бокс првак! Во големото финале на Светското кик бокс првенство на ВАКО во Албуфеира, Португалија, Илиоски го совлада Нурбек Уришбоев од Узбекистан со убедливи 3-0. Ова е голем успех на нашиот најдобар кикибоксер во моментов.

Се оствари прогнозата на селекторот Дејан Митровски – Урко дека СП одиме на златен медал.

Со тројца натпреварувачи Македонија освои еден медал и тоа златен.

На ова првенство учествуваат 1429 натпреварувачи од 77 држави.

Светско првенство:

-86 кг лоу кик
Бобан Илиоски – Алберт Угринчиќ (БиХ) 3-0 ¼ финале
Бобан Илиоски – Елјан Алкишијев (Азербејџан) 3-0 ½ финале
Финале
Бобан Илиоски – Нурбек Уришбоев (Узбекистан) 3-0