Connect with us

Други спортови

Радувај се Македонијо, имаш европски првак, Игор Стефановски е трикратен европски шампион!

Македонскиот најдобар автомобилист, Игор Стефановски Иџе  ја освои третата титула Европски шампион за ридски трки, по освоените титули во 2014-та и 2015-та година. . Тој попладнево во хрватскиот град Бузет, во областа Истра, ја завери третата шампионска титула, која и претходно беше очекувана бидејќи имаше бодовна предност од 204 бодови во однос на 176 бодови на Французинот Николас Вервер.

Инаку, за оваа трка во Хрватска, тимот на Игор Стефановски организираше и автобус за фановите. Така, околу 50 Македонци минаа преку 1.000 километри за да му дадат поддршка на автомобилистот на патот кон нов трофеј.

 

Advertisement