Connect with us

Други спортови

Радванска принудена да се збогува со тениската кариера

Полската тенисерка Агњешка Радванска,  размислува да му каже збогум на теренот откако веќе подолг период се мачи со незгодна повреда на стапалото. Радванска, која во март годинава наполни 29 години, се обиде со најразлични третмани, но ниту еден не вроди со плод.

  • Тоа е проблем што не може да биде решен хируршки, така што реално не постои решение за него. Без разлика дали носам потпетици или патики, болката на стапалото е идентична. Кратко и јасно – стапалото на левата нога ми  е толку уништено од трчање низ годините што не може долго да издржи напор. Болката е голема, имам и грчеви среде ноќ, тогаш не ми помагаат ниту инјекции.  Се уште се немам пријавено на ниту еден турнир во 2019 бидејќи не знам што ќе се случува. Чекам некои нови лекарски испитувања, следната седмица би требало да се знае кога ќе се вратам на теренот. И дали воопшто ќе се вратам или ќе морам да му кажам збогум на тенисот – изјави Радванска.

Полската тенисерка моментно е на 75. место на ВТА-листата.

Реклама
Реклама

ФОТО

Повеќе од Други спортови

WP Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com