Connect with us

Други спортови

Рафаел Надал посрамотен во Рим, ова не е враќање на шампионот, ова е катастрофа!

Еден од најдобрите тенисери на сите времиња, шпанскиот мајстор за земјена подлога, Рафаел Надал, се мачеше во првото коло во Рим против Зизу Бергс, но некако преживеа и стигна до второто коло каде го чекаше Хуберт Хуркач. Таму немаше шанси, беше 6:1, 6:3…

Своевремено рекордерот по бројот на грен слем трофеи беше победен на турнир кој во кариерата го освојуваше 10 пати! За час и половина полскиот тенисер загуби само четири гема од Рафаел Надал и со тоа рутински го испрати од турнирот на кој Шпанецот сакаше да се подготви за Ролан Гарос.

Рафа истакна дека од неговите изданија во Рим ќе зависи дали ќе учествува на вториот Грен слем сезонава во Париз годинава, а судејќи според она што го видовме на овие два меча – нема да загубиме многу ако најдобриот играч на глината во историјата го пропушта турнирот во главниот град на Франција.

Што се однесува до мечот од второто коло во Рим, Хуркач немаше речиси никакви проблеми да го совлада и елиминира Надал. Шпанецот пропушти пет брејк топки во првиот гем од мечот, а потоа го доби првиот гем на свој сервис, но Хуркач ги доби следните шест во низа и поведе со 1-0 во сетови. Во моментов деветтиот играч на планетата направи два брејка и во вториот сет за да стигне до убедлива победа. Хуркач во третото коло на престижниот турнир во Рим ќе влезе од позицијата седми носител каде го чека Томас Ечевери. Еден од најголемите фанови на Новак Ѓоковиќ меѓу професионалните тенисери би требало да биде далеку потежок предизвик за полскиот тенисер од Рафаел Надал кој ги разочара своите фанови со бледо издание.

Advertisement