Connect with us

Други спортови

Рафаел Надал се пласираше во четвртфиналето во Бризбејн

Рафаел Надал се пласираше во четвртфиналето во Бризбејн откако за околу час и половина игра го совлада Џејсон Кублер со 6:1, 6:2.

Шпанецот, кој се врати по тешката повреда, одлично стартуваше, правејќи два брзи брејка за водство од 5-0. Австралиецот во шестиот гем успеа да го освои својот сервис за да не биде „врзан ѓеврек“.

Во вториот сет Надал направи брејк во првиот гем. Кублер имаше брејк топка во четвртиот гем, но не успеа да ја искористи.Така дојде до седмиот гем, каде Австралиецот повторно беше скршен од Рафа. Сервис за мечот, Надал не дозволи брејк и го доби мечот.

Во борба за пласман во полуфиналето, Надал ќе се соочи со уште еден Австралиец – Џордан Томпсон. Ако го победи Томпсон, а Григор Димитров го победи Ринки Хиџикита, тогаш двајцата ќе се соочат еден со друг.

Advertisement