Други спортови
Раиконен го спречи Хамилтон да слави
Финскиот возач Кими Раиконен конечно го прекина неверојатниот пост кога се во прашање победите и славеше на трката за Големата награда на Соединетите Американски Држави во Аустин.
Кими пред оваа трка за победа нема издвојувано победа на 113 трки и последен пат и последен пат таа сласт ја почувствува во 2013 година во Австралија.
Кими беше возачот кој апсолутно беше во втор план затоа што Луис Хамилтон се обидуваше да дојде до титулата на три трки до крајот, но сепак не успеа.
Хамилтон стартуваше од првото место, но но веднаш го престигна Раиуконен. Сепак, набрзо следуваа одлични вести за Британецот затоа што Ветел излета од стазата и падна на 13 позиција. Тогаш изгледаше како се да е готово кога е во прашање трката за титла, но сепак Фетел до крајот успеа да се пробие до 4. позиција.
Германецот на крајот заврши на четвртата позиција, односно една позиција за Хамилтон. Славеше Раиконен, а на втората позиција заврши возачот на Ред Бул Макс Верстапен.
Хамилтон после оваа трка има 331 дод, односно 68 повеќе од второпласираниот Фетел додека трет е Ботас, а четврти Раиконен.