Фудбал
Раиола фатен во „мат“ позиција во Милано, започнуваат разговорите со челниците на Милан!
Агентот Мино Раиола пристигна во Милано и ќе се состане со челниците на црвено-црниот клуб. Италијанскиот тим ќе разговара со Раиола за двајцата играчи чии договори истекуваат на крајот на сезоната.
Џиџо Донарума и Алесио Ромањоли се двете имиња за кои ќе се дискутира во управниот одбор на клубот. Најголемиот интерес на менаџерите е за голманот, но агентот сака да најде заеднички јазик и со Ромањоли.
Директорите на Милан се всушност позаинтересирани за обезбедување на услугите на Донарума. Голманот е во последната година од договорот и може да си замине бидејќи интересот за него е многу голем.