Connect with us

Фудбал

Раиола “полуде”: Донарума одби голем трансфер

Голманот на Милан, Џанлуиџи Донарума, прилично го налуте менаџерот на Мина, Раиола откако одлучи да ја одбие големата понуда испратена од Ливерпул.

Според „Corriere dello Sport“, Донарунума на масата имаше навистина голема понуда од Ливерпул. Тимот од Енфилд го гледа како долгорочно решение на голот, но 19-годишниот чувар на мрежата одлучи да ја одбие понудата.

Тоа прилично го налите контроверзниот менаџер, Мина Раиола. Тој е фрустриран поради одлуката на неговиот клиент и засега изгуби значителна сума на пари. 

Сигурно е дека Донарунума ќе ги напушти Росонерите, но сé уште не е сигурен каде сака да ја продолжи кариерата.

Раководството на Милан со задоволство би го задржале, но младиот голман одамна е мета на навивачите. Не е баш омилен во клубот, а тоа што не е сигурен за неговата иднина ги нервира многу.

Донарунума на голот на Милан застана кога имаше 16 години и веќе постигна 125 настапи за гигантот од Сан Сиро.