Connect with us

Тајмаут

Рај за машките очи: Аргентинката го соблече дресот во чест на победата на „гаучосите“ (ВИДЕО)

Фудбалската репрезентација на Аргентина со синоќешната победата против Полска се пласираше во осминафиналето на Светското првенство во Катар.

Натпреварот не започна добро за „гаучосите“. Доживеаа неочекуван и во најмала рака шокантен пораз од Саудиска Арабија, но потоа ги совладаа Мексико и Полска и со тоа го освоија следното место.

Аргентинските навивачи знаеја како да го прослават пласманот во нокаут фазата, а посебно се истакна една навивачка.

Таа ги почести присутните во еден паб со соблекување на дресот, а радоста предизвикана од минувањето на Аргентина дополнително се зголеми.