Фудбал
Ракитиќ уште еднаш покажа како професионалец треба се однесува кон поранешниот клуб
Во дербито на деветтото коло во Ла Лига фудбалерите на Барселона синоќа пред своите навивачи ја совладаа Севиља со 4:2.
Каталонскиот клуб по четири натпревари бе победа конечно успеа да запише победа против Севиља со 4:2. Сепак, натпреварот на „Камп Ноу“ го одбележа повредата на Лионел Меси кој после 20 минути мораше да го напушти теренот, но пред тоа запиша асистенција и постигна гол.
До крајот на натпреварот Севиља имаше поголем посед на топката, но тоа не им се исплати затоа што Барселона рутински дојде до победа. Четвртиот гол за Каталонците го постигна хрватскиот репрезентативец Иван Ракитиќ кој од Севиља премина во редовите на Барселона.
Ова не беше прв пат Ракитиќ да ја затресе мрежата на својата поранешна екипа, но повторно докажа дека е голем професионалец затоа што не сакаше да го прослави голот. Тоа навивачите на Севиља исклучително го ценат и Ракитиќ е еден од ретките кои на стадионот на овој клуб се дочекани со аплауз, додека Рамос, Дани Алвеш, Адриано и многумина други не можат да се пофалат со тоа.
https://twitter.com/mandvzukic/status/1053936544300568576