Ракомет
Ракометарот за кој цел свет зборува тежи 89 кг?!
Готје Мвумби Тиери е вистинска сензација на Светското првенство во ракомет.
Конгоанскиот репрезентативец постигна четири гола за само 11 минути игра на мечот со Аргентина, и едноставно е неверојатно колку толкав човек постигнува голови толку лесно.
Аргентинците не успеаја да го запрат, а по натпреварот сите пишуваат за Конгоецот и неговиот физички изглед.
На веб-страницата на францускиот четворолигаш Дреу, за кој играше од минатото лето, стои дека гигантот е стар 26 години, висок 192 см и тежок 110 килограми.
Сепак, на страницата на Светското првенство пишува дека тој е висок 176 см и дека сега има – 89 килограми?
Египќаните веќе беа нашироко критикувани за лошата организација и се чини дека направија добра грешка со внесување лични податоци за ракометарите, барем во случајот со Тиери.