Поврзи се со нас

Фудбал

Рамос го повтори рекордот на Буфон за европски настапи, од светскиот го делат осум средби

Амстердам, 12 ноември 2020 (МИА) – Дефанзивецот на Реал Мадрид, Серхио Рамос синоќа одигра пријателски натпревар против Холандија (1:1). Овој натпревар беше за Рамос 176-ти во репрезентативниот дрес.

Така, тој го повтори достигнувањето на Џанлуиџи Буфон, рекордер по бројот на настапи за една европска репрезентација (176).

Покрај тоа, на Рамос му преостануваат само осум натпревари пред светскиот рекорд којшто му припаѓа на Ахмед Хасан (одигра 184 натпревари за репрезентацијата на Египет). зс/

loading...

Facebook