Connect with us

Фудбал

Рамос изведе фантастична „паненка“ во Лигата на шампионите и во исто време доби жолт картон (ВИДЕО)

Синоќа Севиља се прости од Европа за тековната сезона, а многу интересна сцена видовме во вториот дел кога Серхио Рамос го изведе пеналот за шпанскиот тим.

ВИДЕО ОД ГОЛОТ НА РАМОС НА СЛЕДНИОТ ЛИНК

Во последниот натпревар од групната фаза на Лигата на шампионите, француски Ленс беше домаќин на тимот на Севиља и таму оствари победа од 2:1, со што го освои третото место и официјално ја исфрли Севиља од Европа. Дуелот изобилуваше со тензии, пенали и жолти картони.

Еден од пеналите беше досуден за гостите во 79. минута, а Серхио Рамос имаше две можности да го матира домашниот голман. За прв пат голманот Брис Самба го одбрани пеналот. Сепак, по интервенцијата на ВАР, беше забележано дека голманот на Ленс направил престап, па судијата реши да го повтори пеналот.

Во вториот обид Рамос беше многу поуспешен, но и похрабар, бидејќи ја изведе познатата „паненка“. Постигна фантастичен гол, а потоа веднаш заработи жолт картон.

Одејќи кон топката во противничката мрежа, Рамос со крампоните на копачката го закачи Самба и веднаш доби жолт картон. Необичната сцена го привлече вниманието на бројни медиуми, но јасно е дека судијата Феликс Цвејер беше апсолутно коректен што му покажа јавна опомена на шпанскиот ветеран.