Connect with us

Фудбал

„Рамос ни покажа како да го сопреме Салах, а на Суарез ќе му покажам дека и јас знам да гризам“

Светското првенство во Русија започнува во четврток со натпреварот помеѓу домаќинот Русија и Саудиска Арабија, а со овие екипи во групата А се наоѓаат Уругвај и Египет.

Навивачите на Русија очекуваат многу од нивната репрезентација на Мундијалот, и сигурно е дека домаќинот ќе има голема поддршка од своите навивачи. Русите се спремни на се, а тоа нај добро го покажува изјавата на дефанзивецот на оваа репрезентација Илиј Кутепов кој кажа дека не се плаши од Салах и од Суарез

Кутепов за руските медиуми изјави дека неговиот тим не се плаши од Египет кој е предводен од Салах, затоа што Рамос покажа како може да се сопре. Исто така, Кутепов испрати јасна порака до Луис Суарез во случај фудбалерот на Барселона да проба да го гризне.

„Дали сум загрижен за Салах и како ќе го сопрам. Па не сум загрижен, а Серхио Рамос покажа еден пример како може да се сопре. Не кажувам дека тоа е во ред, и посакувам да заигра на Мундијалот, но ако дојде до тоа имаме начин да го сопреме. Луиз Суарез? Зошто да се плашам од него? Доколку има потреба, знам и јас да гризам“, рече Кутепов.